👁️  579

CDU – партијата на Ангела Меркел со остри критики кон предводникот на актуелната власт Олаф Шолц. Денес активисти на CDU излегоа со изјави кои го критикуваат Олаф Шолц за непромислените мерки со Русија. Тие се загрижени за економската ситуација во која се наоѓа моментално Германија, покачувањата на цените на гасот и останатите продукти.

Тие бараат што е можно поскоро излез од оваа ситуација која што е тешко погодена Германија и каква што небила досега дури и за време на корона вирусот. Во исто време ширум Германија се организираат протести против поскапувањето и веќе беа одржани во големите градови како Бон и Келн и се очекува тоа да продолжи и во останатите делови од Германија.

Народот бара оставка од сегашниот предводник на Германија Олаф Шолц и итни избори за промена на владата. Промената во Италија најверојатно ќе донесе промена и во многу држави со што ќе се доведе во прашање целосното функционирање на Европската Унија и нејзините членки.