Спорт

ФОТО: Навивачите на Милан ги спремија доларите со ликот на Донарума

Вечерва Џанлуиџи Донарума со Пари Сен Жермен ќе му гостува на Милан на „Сан Сиро“ каде што италијанскиот голман ја започна кариерата. Донарума ги разочара и налути навивачите кога како слободен играч одби да потпише нов договор и потпиша за францускиот гигант. Навивачите на Милан никогаш не му простија, а го му го покажаа во…

Руни: Пиев алкохол додека не се онесвестам

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, проговори во јавноста за проблемите со алкохолот со кои се соочуваше на почетокот на својата блескава кариера. Руни, кој сега е тренер на второлигашот Бирмингем, рече дека во времето на своите фудбалски почетоци прекумерно консумирал алкохол за да се избори со притисокот кој му го донела…

Реал го продолжи договорот со Камавинга

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска потврди дека Едуардо Камавинга (20) потпиша нов договор. Камвинга потпиша договор до 2029 година. Претходно договорите со Реал ги продолжија Бразилците Винисиус Жуниор, Родриго и Едер Милитао. Кај сите во договорите откупната клаузула изнесува една милијарда евра. Камавинга пристигна во Реал од Рен пред две години за 31.000.000 евра. Досега…

НАВИВАЧ НА ПСЖ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ – бил избоден во Милан пред вечерашниот натпревар

Во Милано пред вечерашниот натпревар во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) меѓу Милан и париски ПСЖ дојде до неколку физички пресметки меѓу навивачите, а во една од нив тешко е повреден симпатизер на францускиот тим, кој, како што пренесуваат локалните медиуми, се бори за живот. Според медиумите, 34-годишен навивач на ПСЖ бил избоден со нож…

Швјонтек ја декласираше Пегула во ВТА финалето во Канкун

Полската тенисерка Ига Швјонтек прв пат во кариерата ја освои титулата на ВТА финалниот турнир кој оваа година се одржа во мексиканскиот град Канкун. Швјонтек во финалето синоќа беше убедлива против Американката Џесика Пегула со 6-1, 6-0, за помалку од еден час игра. Со триумфот во Канкун на завршниот турнир на осумте најдобри тенисерки во…

Хансен: Размислував за пензионирање, но сега уживам секој ден на теренот

Еден од најдобрите ракометари на светот, левиот бек Микел Хансен, за неколку месеци го очекува нов предизвик, настапот на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија. Искусниот ракометар, кој скоро цела мината сезона остана надвор од ракометните терени, во интервју за данската телевизија „Спорт ТВ2“ изјави дека размислувал да се пензионира. За потсетување,…

Ристовски: Во Вардар сите дишат како еден, никој не очекуваше пак да сме фаворит за титула

Регионалниот медиум посветен само на ракометот „Balkan Handball“ повторно организира настан под името „Handball Talks“, на кој свое учество зеде и Борко Ристовски. Директорот на Вардар беше дел од панел дискусијата заедно со Роман Пунгартник од Горење, Дарко Јевтиќ од Војводина, Миро Беницки од Целје и Ведран Шупковиќ од Загреб, каде разговараа на повеќе теми….

Етиопјанецот Тола собори нов светски рекорд

Етиопјанецот Тамират Тола победи на маратонот во Њујорк, соборувајќи го рекордот стар 12 години. Светскиот шампион од 2022 година победи со време од два часа, четири минути и 58 секунди, додека Кениецот Алберт Корир заврши втор, а неговиот сонародник Шура Китата како трет. Џефри Мутаи од Кенија претходно го држеше рекордот на патеката со време…

Рашфорд: Гласините за мое заминување од „Олд Трафорд“ се злонамерни

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, ги нарече „злонамерни“ гласините кои ја доведуваат во сомнеж неговата иднина на „Олд Трафорд“, додека англискиот репрезентативец се обидува да се врати во формата од минатата сезона. Ве молам престанете да ширите злонамерни гласини, напиша Рашфорд на социјалната платформа Икс, како одговор на видео порака објавена од навивачите на…

Капитенот на Манчестер јунајтед прави изненадувачки трансфер?

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, можно е да направи изненадувачки трансфер и да се пресели во Саудиска Арабија. Тој во редовите на Црвените ѓаволи пристигна во 2020 од Спортинг Лисабон за фиксна сума од 55 милиони евра и дополнителни 25 милиони евра во бонуси, но и дополнителни 10% за Португалците од неговиот следен трансфер….