👁️  12.091

Бугарските медиуми известуваат дека за „Бугарите во Северна Македонија изборниот ден започнал нормално, со можност за гласање за парламентарните избори во Бугарија во рекордни 7 секции“.

Во Конзулатот во Битола гласањето почна во 8 часот по бугарско време поради временската разлика со РСМ. За 30 минути не гласал ниту еден човек. Околу 100.000 граѓани на земјата имаат право да го остварат својот глас поради нивните бугарски пасоши, пренесува Нова тв.

Во 20:00 часот по македонско време, 21:00 часот по бугарско време, завршува изборниот ден.