👁️  943

Талентираната, харизматичната и интригантна актерка летово привлекува големо внимание на социјалните мрежи. И, еве уште еден доказ дека годините навистина се само број.

А, Кејт Бекинсјел има 49 години – тоа го истакнуваме за сите оние дами коишто се убедени дека атрактивноста е секогаш „залепена“ до младоста. Но, секоја жена може да биде убава без оглед на датумот и годината на раѓање.

И, не мора секако притоа да изгледате како Кејт, вие можете да бидете убави на милион начини.

Атрактивната Британка според коментарите под нејзините фотографии кои ги споделува на социјалната мрежа Инстаграм сепак го одзема здивот на секој оној кој ќе ја погледне.

Овојпат Кејт позирала во прекрасен модел на костим за капење кој не се гледа толку убаво на фотографиите кои ги споделила.

Кога станува збор за оваа ѕвезда, интересно е тоа што таа поседува IQ 152.

Па, сепак таа во една прилика за блескавата интелигенција ги кажала следните зборови: „Секој доктор, секоја личност која некогаш сум ја запознала, рекла: Би била многу посреќна да си 30 отсто помалку интелигентна. Интелигенцијата всушнсот не ми носи ништо добро. Не ми е од помош во кариерата. Мислам дека всушност ми е хендикеп“.