Најмалку 1.300 цивили и војници се убиени во Израел откако Хамас изврши напад во саботата, соопштија денеска израелските одбранбени сили (ИДФ).
Портпаролот на ИДФ, потполковник Џонатан Конрикус додаде дека повеќе од 3.000 луѓе се ранети во терористичките напади.
Претходно Министерството за здравство во Газа соопшти дека 1.537 Палестинци се убиени, а уште 6.612 се ранети во израелските воздушни напади во Појасот од почетокот на борбите на 7 октомври.
Израелските одбранбени сили соопштија дека убиле околу 1.500 палестински терористи на израелска територија.