👁️  19

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија „не е вредносно неутрална“ и дека „целосно ги почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.

Ние ќе продолжиме да посветуваме посебно внимание на хуманитарната ситуација во Украина и ќе продолжиме да обезбедуваме помош за Украина, како што беше потврдено со нашата неодамнешна одлука да донираме стоки и лекови за ублажување на хуманитарното страдање, наведе Брнабиќ.

Во своето онлајн учество на Самитот на Кримската платформа, Брнабиќ наведе дека Србија жали за страдањата што ги претрпе Украина и нејзиниот народ.

Брнабиќ потенцира дека Србија е „вистински пријател“ на Украина.