👁️  40

Турнирот во Бризбејн ќе се врати од идната година во календарот на АТП, првпат од 2020. и повторно ќе им служи на играчите како подготовка за настап на Австралија Опен.

Своето прво издание турнирот во Бризбејн го имаше во 2009 година и привлече голем број навивачи, а меѓу освојувачите на трофејот на овој турнир беа Роџер Федерер, Серена Вилијамс, Енди Мареј и Марија Шарапова.

Од календарот на машки турнири беше исфрлен кога во 2019 година беше воведен АТП купот, а последен пат во женска конкуренција се одржа во 2020 година.

Организаторите во Бризбејн соопштија денеска дека комбинираниот машки АТП турнир од серијата 250 и женскиот ВТА од серијата 500 ќе се одржи од 31 декември до 7 јануари.  (МИА)