👁️  117

Поранешниот ракометен репрезентативец Бранко Ангелковски избран е за нов тренер на РК Еурофарм Пелистер и утревечер ќе го предводи тимот на битолчани на средба со Киелце што ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“, а во рамки на редовното 6. коло од европската Лига на шампионите.

Управа на клубот го разреши првиот тренер Александар Јовиќ, а тим менаџерот Звонко Шундовски се повлекол од морални причини.

Промените во РК Еурофарм Пелистер се очекуван епилог по серијата неуспешни резултати на тимот на меѓународната и домашната ракометна сцена.