

,,Браќа и сестри, бидете на штрек, не подарувајте го идеалот на вашиот минлив живот, не напуштајте го храмот што го носите во вас, не напуштајте го и кога знаете дека е разурнат, исправете ги неговите урнатини, зашто само така ќе си ја вратиме и вербата во себе си.
Не срамете се од ништо што е ваше , ставете го во вашата љубов како порака на сите наши претци кои пред нас биле некаде тука можеби на истите овие места што ги зафаќаме ние.
Не дозволувајте некој друг да ни ја контролира нашата свест и нашата национална гордост. Презирајте ги сите оние што ни го присвојуваат името, но и црквата, јазикот, писмото што всушност го позајмиле од нас.“ –
Македонски манифест,
Петре М. Андреевски