👁️  47

Се намали привлечната сила на ЕУ и зборот на ЕУ не вреди многу, остана САД, од меѓународната заедница, кои имаат висок кредибилитет. А Бујар Османи очекувано е да прикажува успех за Македонија на патот кон Унијата бидејќи нема направено ништо во однос на она шт значи Европа и европски вредности, рече Владимир Божиновски, аналитичар на гостуавње во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Според Божиновски за нас е важно да го продолжиме патот кон ЕУ но тоа да не не претвори во заложници и затоа ни требаат гаранации дека Бугарија и понатаму нема да има барања кон Македонија.

-Бугарија треба да покаже кооперативност, на пример да почне да ги спроведува пресудите од Европскиот суд за човекови права во Стразбур во однос на македонаксото малцинство. Бугарија мора да покаже добра воља, и наместо тоа ниедобиваме нови бугарски барања, реќе Божиновски.

Тој укажа дека оваа власт и овој парламент сега нема кредибилитет за ништо повеќе затоа се потребни избори.

-Треба нова власт, треба да се изборат сите заедно за гаранции од Бугарија и тогаш ќе тргне работата напред. Оваа власт не прави никаков обид за консензус со опозицијата. Така дојде до онаа седница на Собранието на која видовме дека и недостасуваат на власта 10 пратеници за промена на Уставот. И покрај тоа власта не прави никаков обид за решение, кажа Божиновски.

Според него предвремиени избори требаше да има и досега за да се види на што е државата.

-Власта уште утре може да каже дека ќе има избори. И ќе се има многу почиста ситуцаија. Власта само троши енергија да ја натера меѓународната заедница да врши влијание врз опозицијата во земјава за да се прифатат уставните измени, вели Божиновски.

Според Божиновски сега и под овие услови нема шанси да поминат овие уставни измени.

-Мора да се сменат околностите, мора да се прифатат некои барања, некои гарананции дека Македонија ќе биде пак блокирана од Бугарија. На пример Бугарија треба да покаже добра воља еве за почеток почитување на пресуди од Стразбур, кажа Божиновски.

Според него неуспешна е стратегијата која ја прават особено во последно време а се однесува на расположението кон ЕУ.

-Зборуваат дека они се за ЕУ, а сите остани против. Тоае многу погрешно. Сите сакаат во ЕУ, само не под секои услови. Значи мора да има достоинство, претпоставени гаранции кои би дале доза на сигурност е тогаш е нешто поинаку, укажува Божиновски.