👁️  6900

Новинарот Борјан Јовановски знае што би сакал македонскиот револуционер Гоце Делчев, по чиј завет неговите коски почиваат во главниот град на независна Македонија.

Ѓеорги (Гоце) Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија, како прво машко дете, на бројната и угледна фамилија Делчеви, загина на – 4 мај 1903 г.

Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало:

Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија

Август 1923, Илинден“.

Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

Инаку народот се самоорганизира од 3 февруари со ноќна стража да го штити гробот на Гоце Делчев.