Бомба“ во Шпанија: Три „Ел Класика“ во 35 дена!

Полуфиналната ждрепка во Копа дел Реј донесе вистинска „бомба“ за фудбалските фанови, бидејќи судбината посака да видиме пресметка меѓу двата главни фаворити за трофејот.

Реал Мадрид и Барселона не успеаја да се избегнат и да договорат финален натпревар во месец мај, а тоа автоматски значи дека ќе гледаме дури три „Ел Класика“ во период од 30 дена.
Првото полуфинале ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ на 1-ви март, додека реваншот ќе се игра на „Камп Ноу“ на 5-ти или 6-ти април.


Во меѓувреме, Барселона ќе му биде домаќин на Реал во големото дерби во Ла Лига закажано за 19-ти март, што значи дека двата големи ривали во три наврати ќе ги одмерат силите во период од 35 дена.

На другата страна од жрепката се најдоа екипите на Атлетик Билбао и Осасуна и тоа е втората полуфинална двојка во Купот.