👁️  2063

Новинарот, политички аналитичар и регионалниот раководител на Британскиот центар на блискоисточни студии, Амждад Таха тврди дека Катар подмитил еквадорски фудбалери да го загубат натпреварот против домаќинот на отварањето на Свесткото првенство 2022.

Тој вели дека осум фудбалери на јужноамериканската држава треба да добијат 7.1 милиони евра за пораз од 0-1.

„Катар подмити осум еквадорски играчи за 7.1 милиони евра да го загубат првиот натпревар (0-1, гол во второто полувреме). Пет инсајдери од Катар и Еквадор ја потврдија информацијата. Се надевам дека ова е лага. Очекувам дека ширењето на оваа информација ќе влијае на резултатот. Светот мора да соочи со корупцијата во ФИФА“, напиша Таха на социјалните медиуми.