Најпознатата некогашна црногорска ракометарка  Бојана Поповиќ, повторно ја доби довербата на раководството на Будуќност и во наредните три сезони ќе продолжи да биде тренер на најтрофејниот црногорски клуб.

Поповиќ, која истовремено ѐ и селектор на женската сениорска репрезентација на Црна Гора, кормилото на Будуќност го презеде во текот на 2020 година.