Македонскиот ракометен репрезентативец Бојан Маџовски го напушта домашниот шампионат и ќе потпише едногодишен договор со Ловќен, со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна година.
Маџовски во Ловќен доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со македонскиот првак Еурофарм Пелистер.
За него ова ќе биде прво интернационално искуство.