Српскиот ракометен репрезентативец и поранешен европски првак, Богдан Радивојевиќ, е нов член на Еурофарм Пелистер.

Од РК Еурофарм Пелистер информираат дека десното крило Радивојевиќ потпиша едногодишен договор со македонскиот ракометен шампион, а во Битола доаѓа како етаблиран ракометар кој 13 години по ред игра во Лигата на шампионите.