Бодибилдерот и Јутјуб ѕвезда Оби Винсент има 109 килограми и можеби ќе помислите дека неговите прехранбени навики не е лесно да се задоволат.
Но, откако тој објави видео во кое покажува што сè јаде во еден ден, многумина заклучиле дека е всушност прилично реален и едноставен.
Винсент го започнува денот со протеинска плочка и чаша вода и шејк од зелен зеленчук, цвекло и јаболков оцет. По тренингот, подготвува кајгана од белки, зеленчук и мисиркина шунка.
За ручек и вечера јаде пилешко месо, два вида зеленчук и ориз, намирница која вели дека ја обожува. Оние кои сметаат дека оризот има безличен вкус, Винсент ги советува да го варат во бујон.
„Тоа ќе го направи вкусот поинтересен“, тврди бодибилдерот.
За меѓуоброци бира протеинска плочка, а двапати неделно пие чај со кој јаде овесни кекси. Еднаш неделно си дозволува да изеде и пуканки со малку маснотија додека гледа филм. Пред спиење јаде шака грозје и тостиран леб со путер од кикирики, а во денот консумира од 4 до 5 литри вода.
„Не бројам калории ниту макронутриенти. Јадам како што се чувствувам тој ден. Не сакам храната да ми го диктира животот“, порачал Винсент и ги воодушевил следбениците.
„Браво, едноставно, искрено и реално“, „Покажа што е здрав начин на размислување“, „Ми се допаѓа како зборуваш за зачините, многумина ги изоставуваат“, се дел од коментарите.