На 24.04.2025 во 19.51 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Делчево, патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(38) од Делчево, излетало надвор од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и двајца малолетни сопатници, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.