👁️  33

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен утре ќе отпатува во Катар каде со високи претставници ќе разговара за војната меѓу Израел и милитантите од Хамас.

Претходно оваа недела, катарските посредници се обидоа да преговараат за ослободување на жените и децата кои се држат како заложници во Газа во замена за 36 жени во израелските затвори.

Катар потврди дека е вклучен во разговори за посредување, но Израел негираше какви било преговори.