👁️  467

Почина најтешко болниот пациент од реткото заболување цистична фиброза, Благојче Илиевски. Благојче беше еден од осумте пациенти кои се најпогодени од болеста.

Жалната вест ја потврдија од Здружението за цистична фиброза.

Со кислородна боца на устата, Благојче бараше поддршка и од претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Но, и покрај сите напори, не дочека да добие терапија со лекот „трикафта“.

Додека пациентите молат за лек – Mинистерство за здравство калкулира. Пациентите во саботата излегоа на протест пред Владата, разочарани од изјавата на министерот за здравство Беким Сали дека современиот лек ќе биде обезбеден прво за 8 од вкупно 130 болни и им порачаа на сите кои одлучуваат за набавката на овој лек да се обидат да дишат преку цевка за да сфатат колку е итна состојбата.

– Лекот трикафта за еден пациент годишно чини 300.000 евра, а во земјава околу 65 пациенти имаат потреба од него – изјави неодамна Сали.

Асоцијацијата за цистична фиброза со 10.000 потписи минатата година се обиде да побара од здравство да им го обезбеди лекот, но и по толку време сѐ уште го чекаат одговорот. Во соседните држави лекот е веќе на позитивната листа и лесно достапен за пациентите со цистична фиброза.