Шпанецот се обидел од тешка позиција да го врати топчето со бекхенд, меѓутоа рекетот му удрил во земја, се одбил силно и го удрил по носот.

Веднаш го прекинал поенот за медицинскиот тим да му укаже помош и да го сопре крвавењето.


По победата во разговор со водителката се пошегувал на своја сметка:

„Дали си добро?“„Па. Да. Малку ми се вртеше и беше болно“, изјавил Надал.

„Дали ова претходно ти се случило?“.

„Да, но со палка за голф, не со тениски рекет“, изјавил Рафа и го насмеал цел стадион.