👁️  13.407

За Аналитикум, СТЕФАН ЧЕКУТКОВ -СТАРИ БИТОЛЧАНИ 

Своевремено Битола важеше за „БОКСЕРСКИ ГРАД“. Во градот егзистираа два боксерски клуба: БК „РАБОТНИК“ и БК „КОЧО ДЕСАНО“, функционираја без финансии. Во 1975 – 1976 година градските политички структури одлучија да се фузираат двете екипи. а името на ново формираната екипа да биде  БК „ПЕЛИСТЕР“.

Некои БИТОЛЧАНИ оставија длабоки траги во БИТОЛСКИОТ БОКС. Овие момчина, дел од својата младост му ја посветија на боксот и придонесоја за нив и за Битола да се зборува ширум Југославија. Тие не боксуваа за пари.

На фотографијата од лево кон десно се Илија Белџигеров – ЏИГЕРОТ (полувелтер категорија), Неат Демиров – ЛАЛИЧОТ (мува категорија), Живко Горгиевски – ЖИЦО (средна категорија), Мицевски – ЉУСО (полувелтер и велтер категорија), Димче  – БИМБО (економ), Проф. по физичко Жан Доневски (тренер) и Димче Ѓорѓиевски – БАЈЧЕ (помалиот брат на Илија лесна категорија). За жал некој од именуваните не се помеѓу нас, но за авторот на ова скромна статија и многу други БИТОЛЧАНИ, тие се живи во нашата меморија…

Автор: СТЕФАН ЧЕКУТКОВ