Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Битола излезе со соопштение во кое ги соопшти новите членови во извршниот комитет, за потпретседател е избран битолчанецот Горан Степановски.
– Како млади луѓе треба да се бориме за безгрижна иднина за сите генерации, да се трудиме да имаат подобри услови за живот во Република Македонија.
Со вчерашната одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, беше изгласан новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на млади сили. Во новиот состав, од редовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола претставници ќе бидат Јована Спасеноска како член на ИК, како и Горан Степановски кој ќе ја обавува позицијата потпретседател на Унијата на млади сили.
Исто така сакаме да ѝ се заблагодариме на досегашниот член на ИК од претходниот состав, Стефани Димовска за вложениот труд во Извршниот комитет на Унијата на млади сили.
На новите членови на ИК на Унијата на млади сили им посакуваме успешна работа! Сите сплотени заедно, за безгрижна иднина, стои во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.