Работа наместо омраза и злоба, некои луѓе да работеа колку што мразат Битола ќе беше уште поубаво место за живеење, порача секретарот на општина Битола, Борче Димитровски.
-Денес Општина Битола аплицираше на повикот објавен од Владата преку Министерството за локална самоуправа со нови 16 инфраструктурни проекти во вредност од над 4 милиони евра, кои опфаќаат:
-Изградба и реконструкција на улици во должина од над 10 километри на територијата на цела општина;
-Изградба и реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа во должина од речиси 2,5 километри, како и водоводна мрежа во должина од околу 6 километри;
-Изградба на Центар за спорт и рекреативни активности (поранешната боксерска сала во кругот на градскиот стадион во Битола).
-Санација на јужната трибина и поставување на ограда околу фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“ со кој зафат ќе се комплетира уште една целина на овој значаен спортски објект во нашиот град;
Општина Битола во моментот работи на изградба и реконструкција на значајни капитални објекти во нашиот како и на изготвување на нова проектна документација:
-Изградба на нова современа противпожарна зграда која ќе ја замени најстарата пожарна на Балканот, која сеуште ја користи противпожарната единица во Битола
-Изградба и адаптација на 3 нови Детски градинки во Битола од кои градинката во поранешната касарна се гради со сопствени средства и дел донација на фабриката Кромберг и Шуберт, адаптацијата на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца заедно со Министерството за труд и новата градинка во Нова Битола со средства на Министерството за труд
-Изградба на нов влез во градот од страната на Скопје/Прилеп – зафат кој долги години беше само во планирање, а сега се спроведува на дело
-Во тек се постапките за реконструкција. на спортската сала во с. Бистрица и реконструкцијата на објектот на поранешниот ресторан Парк
-Наскоро ќе започне изградбата на велосипедски патеки во должина од над 5 километри на улиците Партизанска и булеварот Васко Карангелевски
-Во тек е припремата на проектната програма за изработка на основен проект за изградба на мултифункционален спортски комплекс во Нова Битола, за што паралелно се води постапка и за нов Дуп за тој дел од градот
-Работиме на проектна документација за реконструкција на 10 училишни и маалски спортски игралишта во градот и руралните средини
Во тек се активности на над 10 други локации со цел подобрување на канализационата, водоводната мрежа како и патната инфраструктура.
Некој ќе рече дека сме аплицирале за ограда, но вистината е некогаш бавна но доаѓа на време 🙂 прво скокни, па кажи оп би рекле постарите, порача Димитровски.