Новак Ѓоковиќ игра против Стефанос Циципас во финалето на Австралија опен, од 9:30 часот на „Род Лејвер Арена“ во Мелбурн.

Како и во полуфиналето, многу познати личности дојдоа да го проследат овој дуел, а славниот Бил Гејтс повторно ги привлече сите погледи.

Ко-основачот на „Мајкрософт“ е еден од најбогатите луѓе во светот, а познато е дека сака да следи тениски натпревари.

Во третиот натпревар, при резултат 15:0 за Циципас, Ѓоковиќ со силен форхенд израмни, а сето тоа Гејтс го следеше со воодушевен поглед.

Српскиот тенисер игра историско финале против Гркот во кое ќе се обиде да ја освои 10. титула на Австралија опен.На трибините е и познатиот австралиски актер Расел Кроу, а секако има и голем број српски фанови кои гласно ќе навиваат за својот миленик.