Босна и Херцеговина беше погодена од земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:57 часот, потврди Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според достапните податоци, епицентарот бил околу 64 километри јужно од Бања Лука и 27 километри југозападно од Мркоњиќ Град.
Хипоцентарот е регистриран на длабочина од приближно 10 километри, поради што тресењето на земјата можело да се почувствува во поширока област.
Моментално нема информации за материјална штета или евентуални повредени. Граѓани од некои места пријавија дека потресот траел неколку секунди, но без никакви сериозни последици.
Надлежните органи продолжуваат да ја следат состојбата, додека се очекуваат дополнителни информации во случај на нова сеизмичка активност.








