БИ-БИ-СИ: Два руски проектили погодија хотел во Харков, вториот по големина град во Украина, повредени се 11 лица меѓу кои и турски новинари

Два руски проектили погодија хотел во Харков, вториот по големина град во Украина, а според градоначалникот, 11 лица се повредени, меѓу кои и двајца турски новинари.

Од фотографиите се гледа дека хотелот претрпел голема штета, а се гледаат и пожарникари кои го гаснат пожарот. Ракетите го погодиле хотелот синоќа околу 22:30 часот.

Русија ги интензивираше нападите врз украинските градови во последните две недели, а официјални лица тврдат дека десетици цивили биле убиени во напади со беспилотни летала и проектили. Харков, град на само 30 километри од руската граница, претрпе огромни штети од руските воздушни напади откако претседателот Владимир Путин ја започна инвазијата во февруари 2022 година.