👁️  33

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок пристигна изутринава во Киев и повика за поголема меѓународна поддршка за заштита на небото на Украина од руските воздушни напади, јави ДПА.

„За да се заштити Украина од руски ракети и беспилотни летала, итно ѝ треба засилена воздушна одбрана“, рече таа на почетокот на нејзината седма посета на Украина по избивањето на сеопфатна војна во февруари 2022 година.

Нејзиното патување не беше најавено од безбедносни причини.

Бербок рече дека сојузниците на Киев мора да ги „здружат силите“ заради Украина и да го спречат рускиот претседател Владимир Путин да испрати војници до „нашите граници“.

Таа истакна дека иницијативата предводена од Германија, чија цел е зајакнување на воздушната одбрана на Украина, собрала речиси една милијарда евра (една милијарда долари).

Фото: МИА архива