БЕРБОК: Надмината е голема пречка за помош од САД за Украина, срцата на најважните поддржувачи на Украина бијат како едно

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок синоќа откако Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одобри пакетот помош за Украина, изјави дека тоа е „ден на доверба за Украина и за безбедноста на Европа“, јави ДПА.

„Надмината е голема пречка за американската помош за Украина. Срцата на најважните поддржувачи на Украина бијат како едно. САД и Европа се заедно на страната на слободата и против „војната против тероризмот“ на рускиот претседател Владимир Путин“, напиша Бербок синоќа на социјалната мрежа Икс.

Претставничкиот дом синоќа го одобри предлог-законот со кој се обезбедува помош за Киев во вредност од околу 61 милијарда долари. За да стапи на сила предлог-законот, неопходно е одобрение и од Сенатот, за кое се смета дека е загарантирано, забележува ДПА.

Фото: МИА архива