👁️  285

Белата куќа денеска соопшти дека руската платеничка група Вагнер се подготвува да ја зајакне воздушната одбрана на либанското движење Хезболах или режимот во Техеран, како дел од „невиден одбранбена соработка“ меѓу двата американски противника.

„Нашите информации покажуваат дека Вагнер, по наредба на руската влада, се подготвувал да обезбеди капацитет за воздушна одбрана или на Хезболах или на Иран“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби. (МИА)