Руски Гаспром соопшти дека неговиот клучен гасовод кон Европа не може повторно да се отвори како што било планирано во сабота, бидејќи е откриен нов технички проблем, пренесува “BBC”.

Тоа е огромен удар за Европа, која се обидува да ги наполни своите складишта за гас пред зимата и која со недели се обидува да ги погоди следните чекори на Москва во енергетската војна, пишува “Bloomberg”.

Наводно, откриено е протекување на масло на гасната турбина која помага да се пумпа гасот во гасоводот. Гаспром сега треба да го реши проблемот пред токовите да продолжат, стои во денешното соопштение.

Нема показатели колку долго може сето ова да потрае.