Излезе ново соопштение од Дукати за здравствената состојба на Енеа Бастианини по повредата со која се здоби на трката во Барселона.
Oд италијанскиот производител на мотоцикли велат дека тој ќе мора да пропушти најмалку три трки во продолжението на шампионатот.
„Енеа Бастианини вечерва беше опериран на левиот скочен зглоб и на левата рака, при што се здоби со скршеници во несреќата на трката за ГН на Шпанија во Барселона во неделата. Двете операции беа извршени од професорот Катани и професорот Тараљо во Поликлиниката во Модена. И двете операции беа успешни и Енеа наскоро ќе може да го започне постоперативното закрепнување. Возачот на Дукати ќе мора да ја пропушти трката во Мизано, но и двете следни трки закажани за крајот на овој месец во Индија и Јапонија“, велат од Дукати.