👁️  12

Шпанскиот ракометен тим Барселона е во потрага по замена за повредениот Домен Макуц, кој ќе ја пропушти целата следна сезона.

Според „RTHаndball“, шпанскиот тим е заинтересиран да го ангажира аргентинскиот Диего Симоне, кој во моментов е врзан со договор со Монпелје.

Барса откако се откажа од Циндриќ, го загуби на долго време и Макуц, остана само со младиот Пол Валера на средната бековска позиција, па мора да бара адекватни решенија.