Шпанскиот фудбалски шампион Барселона беше доста активен во последниот ден од летниот преоден рок, па откако ги испрати Клемен Ленге и Ансу Фати на позајмици во Премиер лигата дојде време и да ги затвори операциите кои носат нови имиња на „Камп Ноу“.
Официјално Барселона успеа да дојде до потписите на двајца португалски репрезентативци Жоао Кансело и Жоао Феликс.
Некое време Лапорта и неговите соработници се обидуваа да пронајдат решение, формула за ангажман на овие квалитетни играчи, мисија која на крајот беше успешна.
Кансело како и Феликс доаѓаат на позајмица од Манчестер Сити и Атлетико Мадрид и притоа каталонците немаат опција за откуп на нивните договорот.