Барселона сака да го врати Меси на Камп Ноу, а веројатно и Аргентинецот не би имал против тоа доколку се најде договор кој му одговара.
„Ел Национал“ тврди дека Лапорта смислил брилијантен план како да го добие Меси за минимална плата.
Каталонскиот медиум тврди дека, Барселона ќе му даде симболична плата од 200.000 евра годишно, но кога Меси ќе ја заврши кариерата, тие ќе организираат проштален меч и сиот приход од тој меч, од ТВ правата за натпреварот, спонзорските договори, маркетингот, приходите од влезниците ќе отидат на сметката на Меси. Проценката вели дека тоа би било околу 100 милиони евра.
Меси во моментов води преговори со ПСЖ за нов договор, но францускиот клуб не може да се пофали дека тие се одвиваат успешно, сепак не се исклучува можноста тој да се договори и со францускиот клуб.