👁️  5

Шпанскиот кошаркарски гигант Барселона се ослободи од уште еден играч, откако каталонскиот гигант објави дека ја прекинува соработката со Кори Хигинс.

Искусниот бек минатата сезона се мачеше со повреди, тој беше еден од најплатените кошаркари во тимот, па исто како и во случајот со Никола Миротиќ откако не беше постигната спогодба за прекин на соработката Барселона донесе одлука за едностран раскин на договорот.

Хигинс речиси сигурно ќе ја тужи Барселона за ваквиот однос и ќе ги бара парите од преостанатата година од договорот, но екс-кошаркарот на ЦСКА воедно сега е слободен да бара нов клуб.