👁️  12

По еден фаул на 20 метри пред нивниот гол, слободниот удар кој Енис Барди го изведе на извонреден начин, заврши во мрежата на голманот Џиџи Донарума, а доби големи овации од трибини.

Тој гол како да ја отвори играта и Македонија почна да напаѓа уште повеќе, па до крајот на средбата имаше уште неколку шанси и да поведеме, но на крајот бодовите беа поделени.

Јас и пред натпреварот реков, пваа банда е секогаш подготвена за нешто големо. Не знам, тоа го имаме постојано, го направивме порано, го направивме и сега, ни останува само да веруваме во големи работи. Оваа мала држава има 11 срца на терен и сите мора да веруваме во успех, мора секогаш да бидеме гладни за успех, како вечерва“, порача по натпреварот Енис Барди.