👁️  96

Американскиот претседател Џо Бајден вчера отпатува за Флорида за да го види степенот на штетата предизвикана од ураганот Идалија и да понуди поддршка за жртвите од невремето, но тој не се сретна со гувернерот Рон Де Сантис, потенцијалниот противник на претседателските избори.

Портпаролот на Де Сантис уште во петокот рече дека гувернерот не планира да се сретне со Бајден.

Американскиот претседател одржа брифинг со локалните власти во Лајв Оук, град кој беше силно погоден од ураганот, а доказ за тоа се многубројните дрвја кои паднаа врз домовите.

-Ниту еден интелигентен човек повеќе не може да се сомнева во климатските промени, рече Бајден.

Што се однесува до гувернерот Де Сантис, тој одговори дека не е разочаран од неговото отсуство.

-Тој можеби имаше други обврски, но ни помогна да се организираме со тоа што по состанокот со Федералната агенција за управување со вонредни состојби предложи кои места да се посетат, рече Бајден во изјавата за новинарите пред еден од оштетените домови.

Од друга страна, тој изрази задоволство од доаѓањето на поранешниот гувернер и актуелен републикански сенатор Рик Скот и покрај нивните несогласувања за бројни прашања.

Рон Де Сантис вчера беше во посета на места на брегот на Мексиканскиот Залив, 80 километри јужно. Актуелниот гувернер на Флорида се бори за републиканска номинација на прелиминарните избори на партијата, но анкетите го поддржуваат поранешниот претседател Доналд Трамп.

Во текот на неделата, Бајден и Де Сантис редовно разменуваа информации за ураганот од трета категорија што ја погоди сојузната држава на југоистокот на САД, каде што беа измерени брзината на ветерот од приближно 200 километри на час. Политиката не влезе во нивните разговори, рече Бајден во изјавата пред три дена. (МИА)