👁️  5

Претседателот на САД Џо Бајден и неговата администрација спремаат блиц посети низ целата земја, а со цел да пренесат пораки за економските успеси на федералната влада и да ја одбележат годишнината од усвојувањето на низа клучни закони.

Како што денеска соопшти службен претставник на Белата куќа, од 7 до 10 август Бајден ќе ги посети Аризона, Њу Мексико и Јута, за да го објасни на електоратот Законот за намалување на инфлацијата (IRA) и околу борбата с климатските промени. На 16 август Бајден по овој повод има настан во Белата куќа.

Започнувајќи од оваа недела до августовската пауза, виши чиновници од Белата куќа и членови на министерскиот кабинет заминуваат на турнеја ни целата земја, за да се одбележи годишнината од усвојувањето на законит IRA, CHIPS и законот за наука, како и законот PACT, што им дава субвенции на ветераните.

Потпретседателката Камала Харис и министерот за трговија Џин Рајмондо одат во Висконсин да раскажат за инвестиции во инфраструктурата за широкопојасен интернет, што стана можно благодарејќи на двопартиски усвоениот закон за инфраструктура вреден 1 трилиони долари.

Министерот за земјоделство Том Вилсак ќе ја посети сојузната држава Орегон, да раскаже за федералните грантови за заштита од шумски пожари што станаа возможни благодарејќи на законот за инфраструктура. Тој оди и во државата Вашингтон, да раскаже за инвестиции за истражувања во земјоделскиот сектор насочени кон борба со климатските промени.

Министерот за енергетика Џенифер Гренхолм и националниот советник на Белата куќа за клима Али Заиди, планираат посета на Порторико а во рамките на напорите за создавање поодржлив енергетски систем во САД и намалување на цените на електричната енергија.

Министерот за транспорт Пит Бутиџич оди во централниот и јужниот дел на Илиноис да раскаже за инвестициите во еколошки чиста енергетика, како и во Хјустон, Тексас каде ќе учествува во свеченото отворање на пристаништето Хјустон, изјави претставникот.

Други членови на кабинетот ќе ги посетат Мејн, Мериленд, Невада, Мичиген и Калифорнија.

Економијата на САД во вториот квартал порасна повеќе од очекуваното, на 2.4 отсто на годишно ниво, а базичната инфлација нагло опадна од максимумот во 2022 година. Исто така имаше нагло зголемување на приватните инвестициите поттикнато од законите CHIPS и IRA, кога беа доделени повеќе од 500 милијарди долари за развој на производство на чиста енергија како и доделените 280 милијарди за одржување и развој на патната инфраструктура.

Овие достигања се одличен адут на Бајден во пресрет на претседателските избори во 2024 година.