👁️  75

Американскиот претседател Џо Бајден ги опиша нападите на Хамас во Израел како „најсмртоносниот ден за Евреите по Холокаустот“, за време на тркалезна маса во еврејските лидери во Вашингтон.

– Нападите беа кампања на чиста суровост … Не само омраза, туку чиста суровост кон еврејскиот народ, И јас би рекол дека тоа е најсмртоносниот ден за Евреите од Холокаустот, рече Бајден.

Тој нагласи дека Хамас му донесе „не само терор, туку и целосно зло“ на светот.

– Изминатите неколку дена беа цврст потсетник дека омразата никогаш не исчезнува, рече американскиот претседател.

САД, ЕУ и Израел го сметаат Хамас за терористичка организација.