👁️  19

Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа изјави дека делумната блокада на работата на владата не е неизбежна, но ако се случи, може да влијае негативно на важните работи во науката и здравството.

Во разговор со новинари на настап пред група советници по наука и технологија во Сан Франциско, Бајден изјави дека не смета дека што и да било во политиката е неизбежно.

Блокадата на американската федерална влада може да се случи овој викенд.

-Ако владата ја запре работата, тоа ќе се одрази на многу животно важни работи во сферата на науката и здравството. Тоа се истражувања во онкологијата или безбедни производи за исхрана, изјави Бајден.

Додаде дека на американскиот народ му треба „нашите републикански пријатели во Претставничкиот дом да ја вршат својата работа и да ја финансираат владата“.

Законодавците во Сенатот денеска подготвуваат гласање што можеби нема да помине во Претставничкиот дом за привремено продолжување на финансирањето на федералната влада да се избегне блокада. Крајниот рок е 30 септемеври кога истекува оваа фискална година.Мнозинство во Сенатот се демократите, додека Претставничкиот дом е контролиран од републиканците.