👁️  1055

Неискажлива трагедија се случи во Аргирос Евија во Грција, каде едногодишно девојче почина од струен удар. И родителите и бабата на несреќното доенче скршени од болка собраа сила да раскажат како се случила трагедијата. Бабата на бебето опишала како несреќното доенче го загубило животот.

„Детето беше добро. Си играше и тоа ја стави раката на штекерот. Имаше таму нешто ситно за комарците, ја стави својата малечка рака. Во она апаратче за комарци што беше приклучено“.

„Кога го донесоа овде, беше мртво. Неговите мозочни клетки умреле. Ми рекоа дека инцидентот се случил околу 10 часот наутро. Детето се обидело да извади средство за заштита од инсекти од штекерот и добило струен удар“, изјавил докторот од Здравствениот дом каде било однесено несреќното доенче.

„Мајката ми кажа дека контактирале со педијатар и препорачал да направат масажи додека не дојдат овде во здравствениот дом“, додаде докторот.

Мајката на едногодишното бебе истакна дека тоа добило струен удар.

– Ја повлеков, но не ја фатив. Таму бев. Имаме многу од овие мали средства за заштита од комарци во околината, во село сме и имаме многу комарци цел ден. Пронашол отвор и ставил три прста внатре. Веднаш му се јавив на педијатарот и ми рече да ја истурам со вода. Ја потурив, му се јавив на маж ми, дојде дома и отидовме во здравствен дом. Ме упати педијатарот, го масирав и му давав воздух во устата. Направив како што ми беше кажано. Го направив тоа што ми кажа докторот. Од болница ми кажаа оти не носел чевли, детето е мало, сега одеше, има десет месеци. Ми кажаа дека поради тоа што не носел чевли се случило се. Да носело детето обувки немало да добие струен удар. Беше бос ми рекоа и затоа го удрила струја. Сега прооде, сега, не можеше да носи чевлички. Ниту една друга мајка да не ја има мојата болка.

Телото на несреќното доенче треба да биде пренесено во болницата Халкида, за да се изврши обдукција и да се потврдат причините за смртта.