АВТОБУСКА НЕСРЕЌА: Загинаа 14 лица, 10 се водат како исчезнати, прежиевала само невестата кога автобус паднал во река во Пакистан

Автобус што превезувал гости дома од свадба се урнал во река во северен Пакистан, при што загинале најмалку 14 луѓе, соопштија властите, а единствената преживеана е невестата.

„Во автобусот имало 25 луѓе, а досега се извлечени 14 мртви тела, додека 10 се водат како исчезнати“, изјави Вазир Асад Али, претставник на спасувачките служби во Гилгит-Балтистан.


„Невестата е надвор од животна опасност и е згрижена во болница во Гилгит“, додаде Али.

Семејството на младоженецот патувало од Пенџаб, повеќе од 500 километри за венчавката и се враќале дома кога се случила несреќата.