👁️  187

Репрезентацијата на Австрија ја победи Холандија со 3:2 во натпревар од 3. коло во групата Д ЕУРО2024.

Головите за Австрија ги постигнаа Дониел Мален (автогол), Романо Шмид и Марсел Сабицер, дподека за Холанѓаните погодија Коди Гакпо и Мемфис Депај.

Истовремено, на другиот натпревар во групата, Франција и Полска одиграа нерешено 1:1.

По овие резултати, Австрија заврши на првото место во поредокот со шест бодови, Франција е втора со пет, а Холандија од третото место оди во осминафиналето.

Полска заврши последна со само еден бод, со што за Полјаците завршува настапот на Европското првенство.