Отвореното првенство на Австралија 2024 година за прв пат ќе трае 15 дена. Грен слем турнирот ќе започне и ќе заврши во недела (14 – 28 јануари).
Сега првото коло ќе се игра во три дена, исто како на Грен слемот во Париз, Ролан Гарос. Одлуката е донесена бидејќи податоците покажуваат дека натпреварите станаа подолги.
Според директорот на турнирот Крег Тајли, организаторите ги „слушале повратните информации од играчите и навивачите“ и оваа иновација „ќе ги минимизира доцните финиши на натпреварите“.
Попладневната сесија ќе има два, а не три натпревари на двата главни терени „Род Лејвер Арена“ и „Маргарет Корт Арена“. Вечерната сесија сепак ќе има два натпревара.