Тренерот на грчки Панатинаикос Ергин Атаман, изјави дека неговиот тим мора многу подобро треба да се претстави во следните натпревари во Евролигата.

„Игравме со премногу грешки на почетокот. Тоа е недозволиво. Не знам како наеднаш почнавме да се плашиме да играме кошарка. Фенер имаше отворени поени, лесни ситуации кои никогаш не смееме да ги дозволиме. Не покажавме цврст карактер и тоа многу ме загрижува. На моменти изгледавме како јуниори, а не како тим кој има најголеми аспирации во натпреварувањето. Знам дека ќе се подобриме, очигледно е дека ни е потребно уште малку време“, заклучи преводникот на „детелинките“ од Атина. 

Панатинаикос ја започна новата сезона во Евролигата со една победа и два порази. Дел од медиумите во Грција веќе почнаа да се сомневаат во тимската хемија и воиграноста, но тренерот смирува и најавува многу подобри изданија на еден од претендентите за највисок пласман.