👁️  19

Рекордерот по бројот на асистенции на Мундобаскетот потпиша тригодишен договор со Фенернахче.

Летонскиот кошаркарски репрезентативец Артурс Жагарс, првата година од договорот со Фенербахче ќе ја одработи на позајмица во Литванија, Волвс од Вилнус, соопшти денеска турскиот клуб.

Жагарс (23) во кариерата настапуваше за Хувентуд, Прат, Калев, Брауншвајг и Невежис. Минатата сезона за Невежис во литванската лига имаше просек од 15,4 поени, 4,4 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка по натпревар.

Жагарс го освои петтото место со селекцијата на Летонија на неодамнешното Светско првенство во Манила. На Мундобаскетот имаше просек од 12,4 поени и 7,4 асистенции.