„Топчиите“ по славјето на „Емирејтс“ од 3-0 го освоија „Бернабеу“ со 2-1 во меч во кој едноставно имаат контрола на резултатот, играта, па и не паднаа и по промашениот пенал на Букајо Сака во 13 минута.


Токму менаџерот Микел Артета имаше што да каже за таа ситуација, па дури и се пошегува дека посакал да му удри некоја воспитна на Сака за нереализирашниот удар од 11 метри.

-Не сакав да умрам, но можеби сакав да му врзам шамар. Тој ја донесе таа одлука, беше доволно храбар да го направи тоа и промаши. Повеќе ме загрижуваше емотивниот дел. Што може да направи за нас. Карактерот што го покажа на негова возраст, во првиот меч на овој стадион, тоа е неверојатно, -истакна Артета.