👁️  334

Невладини поврзани со функционери од ДУИ и вработени во државната администрација добиле десетици илјади евра народни пари.
Дел од буџетскиот колач наменет за финансиска поддршка на невладиниот сектор вреден 325.000 евра, бил поделен на 33 граѓански организации. Голем дел од нив основани пред неколку години, од вработени во Влада, министерства и општини, кадри на ДУИ, открива Радио Слободна Европа.

Државен советник во Министерство за култура и поранешен пратеник на ДУИ, вработени во Министерството што го раководи Артан Груби, поранешен член на ДИК, вработена во општина Струга, но и советничка за протокол во Владата. Овие се дел од луѓето кои добиле државни пари за невладини организации во кои се основачи, обелоденува медиумот.

Ова се случува бидејќи до 2022 година, парите за финансиска помош на невладиниот сектор го доделуваше генералниот секретаријат на владата. Сега, веќе две години по ред, тоа го прави министерството за политички систем, со кое раководи Артан Груби.

Меѓу оние кои добиле државни пари е и актуелениот советник во министерство за култура и дарежлив донарот на сметката на интегративците, Бехиџудин Шехаби. Невладината на која е претседател, „Ел Хилал – Скопје“, од министерството за политички систем предводено од Артан Груби добила грант од 10.000 евра. Шабани за овој настан одговорил оти тој рекреативно е хуманитарец, а организацијата му е за намалување на сиромаштијата.

„Тоа воопшто не е споредливо со мојата хуманитарна активност, ништо не гледам спорно тука. Јас сум волонтер во „Ел Хилал“, тоа не е професионална организација, туку невладина организација на волонтерска основа која придонесува за намалување на сиромаштијата. Јас не сум професионалец во „Ел Хилал“, тоа е како едно дополнителна рекреација за мене. Тоа е исполнување на моите животни определби“, одговорил Шехаби за РСЕ.

Инаку, тој пред само неколку години, донирал 600 евра во својата матична партија, ДУИ. Бил и пратеник, а извршувал и други јавни функции.

10 илјади евра добила и организацијата Блетезат, чиј основачи, меѓу другите се Дрилона Абдиу и Улза Челику, чии имиња се на списоците за вработеување во министерсството за политички систем на Груби. Улза во 2020 била и кандидат за пратеник, а организацијата и е основана само една година подоцна, во 2021.

Од Министерството за политички систем за Радио Слободна Европа велат дека здружението „Блетезат“ ги исполнувало сите услови и критериуми.

„За невладината организација е доставена и потпишана изјава за основачка структура од лицето Дјелза Челику која е претседател и овластено лице на здружението. Истата не е вработена во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците“, велат од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Но, од Министерството не одговораат конкретно – дали други две основачки на здружението се уште се вработени во институцијата.

Според Законот за спречување на корупција и судир на интереси, недозволиво е избрано или именувано лице, односно функционери да бидат корисници на финансиска помош од државата. Но и покрај ова, во јавниот повик од Министерството на Груби, конкретно навеле, оти „не постои забрана за користење поддршка од државата, во смисла на член 52 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси“. Како, со оваа реченица Груби успеал да го изигра Законот, останува институциите да образложат.

Од државата пари добило и здружение во кое членува вработена во општина Струга. Советничката на Рамиз Мерко за спроведување на проекти во секторот туризам и меѓународна соработка, Беса Зиба е една од петте основачи на невладината „КФДК – Струга“. На листата добитници на народни пари е и здружението за култура и општествен развој „Комуниким Скопје“. Како претседателка на здружението е заведена Валдета Касапи. Таа е научен соработник вработена во државниот Институт за духовно и културно наследство на Албанците.