👁️  12

Арсенал загуби во Ленс, во Лигата на шампионите (2:1), но повеќе од поразот сите во клубот ги загрижи повредата на Букајо Сака. Крлиниот напаѓач во Ленс играше 34 минути, кога го напушти теренот поради повреда.

Првите информации кои ги објавија британските медиуми велат дека фудбалерот на Арсенал би можел да подолг период да биде надвор од тимот.

Новинарот Фабрицио Романо кој се огласи на мрежата Икс потврди дека не се работи за какви било пишувања и шпекулации.

„Не изгледа добро“, напишал кратко Романо.

Арсенал во недела ќе го го пречека Манчестер сити (17.30 часот), а потоа по репрезентативната пауза на 21 октомври ќе го одигра лондонското дерби со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.